Доаѓањето на неделното утро
Се будам во недела наутро
и не ми се верува,главата не ме боли.
Моето пиво за појадок ме расположи,
па испив уште едно.
Пребарав низ облеката во плакарот
и ја одбрав најчистата меѓу сите валкани кошули.
Па се измив и исчешлав
и се стркалав низ скалите да се соочам со денот.
Си го затрув умот синоќа
со цигари и одбрани песни.
Сепак запалив една и го гледав детенцето
како си игра удирајќи конзерва.
Потоа ја преминав улицата
и го осетив неделниот мирис на нечие печено пиле.
О,господи,тоа ме потсети на нешто што некаде
при моето патување,некако сум го изгубил.
Стоејќи на тротоарот во неделното утро,
посакувам,господи,да сум дел од него.
Бидејќи има нешто во недела
што ме тера да се чувствувам осамен.
А има нешто во копнежот
што е наполу тажно како звукот
на заспаниот градски тротоар
и доаѓањето на неделното утро.
Во паркот видов татко
како лула едно насмеано девојче.
Застанав покрај неделното училиште
и ги слушав песните што ги пееа.
Па тргнав низ улицата,
а некаде оддалеку зачув осамено ѕвоно како ѕвони,
а тоа одекна низ празнината
како вчерашните исчезнати сништа.