Поминување на неделно утро
Епа, се разбудив во недела наутро
со неизбежна болка во главата.
И пивото што го испив за појадок не беше лошо,
па си испив уште едно за десерт.
Тогаш пробуричкав во ормарот низ алиштата
и ја најдов најчистата валкана блуза.
Па го измив лицето и ја исчешлав косата
И сопнувајќи се симнав по скалите да го пречекам денот.
Претходната ноќ си го зачадив умот
со цигари и песни што ги избирав.
Но ја запалив првата и гледав едно мало дете
како си игра со конзерва што ја шутираше.
Тогаш ја преминав улицата
и го почувствував неделниот мирис на нечие пржено пилешко.
И Боже, ме врати до нешто што го имам изгубено
некаде, некако на патот.
На тротоарот на неделното утро,
посакувам, Боже, да бев надуван.
Бидејќи има нешто во недела
што прави да едно тело се чувствува само.
И нема ништо помалку од умирање
што е половина од осаменоста на звукот
на заспаниот градски тротоар
и поминувањето на неделното утро.
Во паркот видов татенце
со мало насмеано девојче кое го лулаше.
И застанав покрај неделно училиште
и ги слушав песните што ги пееја.
Тогаш се упатив по улицата,
и од некаде далеку осамено ѕвонче ѕвонеше,
и се слушаше неговото ехо низ кањонот
како соновите од вчера кои исчезнуваат.