Осамна мамурното неделно утро
Се разбудив, неделно утро е,
Ужасна главоболка, чувство бедно.
Пивото за појадок екстра е,
Па за десерт крцнав уште едно.
Низ орманот шуркав и кошула си најдов,
Најмалку валкана што беше.
Се замив и зачешлав, по скали се стрчав
Во пресрет на денот што се будеше.
Од цигарите мозокот ми чади
И од песните сношти што ги свирев.
Запалив една и во детенцето гледав
што си играше конзерва чалгајќи.
Тогаш, јас улицата ја преминав
И осетив мирис на печено пиле.
Кај милите мои спомени наминав
кои како никогаш и да не биле.
На улица сум, неделното утро се буди
Надуван камо да сум, боже.
Неделата гледам оправдано ме куди
Сам си ко’ утка, вака не може.
Освен умирачката, постои ли друго
Со осаменоста на звукот што се мери
На заспаниот тротоар градски
И утрото неделно мамурно што се ѕвери.
Во паркот татко со ќеркичка сретнав,
Ја нишаше и си се смееја.
Покрај неделното училиште застанав,
Ги слушав песните што ги пееја.
Нешто уште ѕвонеше низ улицава,
па сите сетила ми ги надразни.
И ѕунеше во шупливата ми глава
Ко’ вчерашните сништа празни.