Трезнење во недела наутро
И така, се разбудив во недела наутро.
Главата ми пукаше како и да ја свртам.
Пивото што го испив место појадок не беше лошо,
па дрмнав уште едно за десерт.
Потоа претурав низ облеката во плакарот
и ја најдов најчистата носена кошула,
па се измив и исчешлав и се симнав
Препкајќи се по скали во пресрет на денот.
Претходната ноќ се отрув од пушење
Умот ми се замати од цигари и музика за душа.
Па сепак ја запалив првата и гледав едно детуле
како си игра шутирајќи празна конзерва.
Потоа ја преминав улицата
А носот ми го исполни неделен мирис – некој пржеше пилешко.
И, Господе, тоа ме потсети на нешто што го бев изгубил
некаде, некако по патот.
На тротоар во недела наутро,
посакувам, Господи, да сум дрво-пијан,
оти има нешто во недела
што те прави бескрајно сам.
Имаш чувство како да умираш
а и тоа е помалку самотно од звукот
на заспаниот градски тротоар
и трезнењето во недела наутро.
Во паркот видов татко како
турка лулашка со девојче што гласно се смееше .
Застанав крај едно црковно училиште
и ги слушав песните што ги пееја.
отоа тргнав по тесната улица,
некаде далеку осамено ѕвоно ѕвонеше ,
неговото ехо се губеше низ безличните зидови
како соништата што некогаш ги имав.